Гастрономска манифестација „Ден на гравот“ се одржа денеска во Куманово во организација на Здружението на пензионери, Здружението на дијабетичари, Здружението „Еко Гард“ и ресторанот „Грација“, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Претседателот на Здружение на пензионери, Благе Јакимовски, рече дека е задоволство да се организира ваква манифестација која е добро прифатена кај повозрасната популација.

Зоран Бојковски, претседател на Здружение на дијабетичари рече дека ваква манифестација ги обединува различните генерации од градот. Манифестацијата има и хуманитарен карактер, а за идната година се планира да биде со натпреварувачки карактер.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски рече дека е добра иницијативата за организирање на ваква манифестација која потекнала од кумановските пензионери.

– Манифестацијата ќе биде традиционална, очекувавме интерес, но не во овој значителен број, рече Димитриевски.

На манифестацијата присуствуваа пензионери од повеќе градови од земјава.


Администратор
27/11/2022 02:37