Пуштени рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола

Блесна стадионот „Петар Милошевски“ во Битола/фото: facebook.com/FC.PelisterBitola

Како што и се најавуваше, тоа и се оствари, пуштени се рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Оваа убава вест на својата фејсбук страница ја сподели фудбалскиот клуб Пелистер кој патем следната сезона се враќа во Првата македонска фудбалска лига.

Со пуштањето на рефлекторите се очекува и на овој стадион во иднина да се играат вечерни натпревари на клупски, но и на репрезентативен план.

Како што беше и објавено пред два месеци, инвеститор на фазата за поставување на рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“ е Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот