logo
logo
logo

По два гола на Дембеле и Мбапе, ПСЖ го згази Лориен! (ВИДЕО)

Vecer | 24.04.2024

По два гола на Дембеле и Мбапе, ПСЖ го згази Лориен! (ВИДЕО)

Очекувано, ПСЖ како гостин во меч од 29.коло во Лига 1, успеа со 1:4 да го згази што се вели домашниот тим на Лориен.

Блескаа Дембеле и Мбапе, кои по двапати ја тресеа мрежата на домашниот состав. Серијата ја отвори Дембеле во 19.минута, три минути подоцна Мбапе зголеми на 0:2. Во 60.минута Дембеле повторно стрела, сега за 0:3. Лориен постигна гол за 1:3 преку Бамба во 73.минута, а точка на мечот стави Мбапе за 1:4 со својот втор гол во 90.минута.

Сега ПСЖ има 69 бодови на челната позиција на табелата, јасно е дека и оваа сезона овој тим ќе биде шампион.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk