ПОЛИЦИЈАТА УБИЛА УЧЕНИК ПРЕД УЧИЛИШТЕ Наставниците им рекле на децата да се кријат

Американската полиција во средата убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.

Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.

Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот отворил оган и се обидел да влезе во училиштето.

Претходно во средата, полицијата соопшти дека „заканата е неутрализирана“ пред зградата на гимназијата во селото Маунт Хореб, на околу 40 километри од главниот град Медисон.

Наставниците од училиштето им рекле на децата да се кријат откако ги слушнале истрелите, по што полицијата ги заклучила во училиштето додека не истражат. Началникот на училишниот округ Маунт Хореб, Стив Салерно, рече дека без неодамнешните безбедносни подобрувања, „ова можеше да биде многу полоша трагедија“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното