Еве како „iPhone“ би можел да се промени ако американската влада ја добие тужбата против „Apple“

Точка

02/04/2024

14:04

8.893

Големина на фонт

а а а

Постои и предупредување дека овие промени би можеле да ги збунат корисниците кои ретко ги менуваат поставките или истражуваат нови апликации.

Американското Министерство за правда поднело значајна антимонополска тужба против „Apple“, која значајно би можела да го промени начинот на кој корисниците ги користат своите „iPhone“ уреди и генерално да го промени екосистемот на производи на „Apple“. Тужбата ја истакнува антиконкурентската пракса на „Apple“, вклучувајќи контрола над „iPhone App Store“ и „API“ со што се ограничува конкуренцијата во клучни области како што се апликациите за пораки, паметни часовници и дигитални паричници.


Потенцијалните промени за корисниците на „iPhone“ опфаќаат широк спектар за подобрување и нови можности. Една од најистакнатите можности е поголема флексибилност во изборот на апликациите за плаќање, овозможувајќи им на корисниците да користат алтернативни апликации од „Apple Pay“.

Исто така, можноста за избор на апликации за праќање на пораки би можела да овозможи крајна енкрипција без оглед на платформата на примателот, решавајќи го долгогодишниот проблем со недостиг на интероперабилноста на енкрипцијата меѓу iOS и „Android“ уредите. Занимливоста која ја следи оваа потенцијална промена е во изедначувањето на бојата на балонот за пораки, со што ќе стави крај на праксата на „Apple“ за разликување на пораките надвор од својот екосистем.


Промените би можеле да вклучуваат и пристап до апликации за „cloud streaming“ на игри внатре во „App Store“, давајќи им на играчите поголем избори за стриминг преку истата апликација, слично како кога стримуваме повеќе серии или филмови преку една видеостриминг апликација.

Меѓутоа, постојат и предупредувања дека овие промени би можеле да ги збунат корисниците кои ретко ги менуваат поставките или истражуваат нови апликации, потенцијално нарушувајќи го беспрекорното корисничко искуство кое „Apple“ го заговара. „Apple“ тврди дека пошироката отвореност на „App Store“ би можела да ја загрози безбедноста и едноставноста на користење, посебно во областите како родителска контрола и делење во семејството.


Крајниот резултат од тужбата и нејзиното влијание над екосистемот на „Apple“ остануваат неизвесни, но потенцијалните промени се длабоко значајни за корисниците на „iPhone“, програмерите и пошироката технолошка заедница.




Спонзорирани линкови

Маркетинг