Македонија
25. April 2024 - 19:52

ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај

Се роди третата политичка сила по овие претседателски избори порача Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ. По собрани 83.810 гласови Димитриевски смета дека е одлична бројка за политички субјект кој е формиран пред само три месеци. Очекува голема поддршка и на 8 ми мај по што ќе станат движење без кое нема да може да се формира идната влада на Македонија.

Левица оди во нагорна линија и како за учество во први претседателски избори резултатите се повеќе од добри сметаат од партијата. Борбата продолжува велат од Левица и очекуваат уште повеќе гласови да добијат од граѓаните на парламентарните избори.

Стевчо Јакимовски освои само 6 проценти од гласовите на овие избори и го призна поразот. И посака среќа на кандидатката Гордана Силјановска Давкова за во вториот изборен круг.

Според официјалните податоци на ДИК, последен со најмалку освоени гласови е кандидатот Стевчо Јакимовски, пред него се Билјана Ванковска, Максим Димитриевски, Арбен Таравари и Бујар Османи.