Со Данела ќе се видиме на суд, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид да се манипулира со чувствата на граѓаните што ѝ ја дале довербата да го води Градот.

Министерката денес на прес-конференција еден по еден ги покажуваше документите за Универзалната сала, меѓу кои и мислење од ИЗИИС за безбедноста што градоначалничката ја доведе во прашање, потпишано токму од неа, а за личните навреди најави дека ќе ја тужи.

„Обвинувањата што таа лично кон мене ги насочува со нејзиното многу лошо сценарио за филмот ‘Универзална’ не заслужуваат внимание затоа што тоа е една измислена приказна. Инсуинирањето на Арсовска дека сум знаела за пожарот, а не сум пријавила, низата небулози изјавени на вчерашниот прес во следните денови ќе бидат предмет пред судските инстанци, па самата таа ќе има можност подетално да објасни за изнесените тврдења за мене поврзани со Универзалната сала. Такви клевети дека јас сум знаела, таа да претпоставува кој кога пријавил пожар, се само предмет да го решиме преку суд. Па да видиме, кога веќе сака да биде обвинител и истражител, нека повели“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа ги отфрли сите вчерашни обвинувања од градоначалничката како невистини. Извести дека градоначалничката Арсовска со манипулативниот прес сакала да го скрие сопствениот неуспех оти изгубила судски спор за одложената реконструкција на Универзалната сала, што граѓаните ги чини 20 милиони денари, а има и уште еден активен судски спор за Универзалната сала.

Министерката уверува дека Министерството ќе продолжи со реконструкцијата на Универзалната сала кога ќе заврши истрагата. Нагласи дека барањето од градоначалничката за раскинување на договорот за преземање на Универзалната сала што го добил нејзиниот Кабинет не е законско.

„Сите одлуки што се поврзани со имотот на Град Скопје и граѓаните се одлуки што ги носи Советот, односно советниците, а не лично таа. Во таа насока нејзиното барање за еднострано раскинување на договорот, кое вчера пристигна до мојот Кабинет, не може да има никакво правно дејство бидејќи тоа треба да е донесено од Советот на Скопје. Доколку Советот одлучи да го раскине договорот со Министерството за култура, Градот ќе мора да ги врати сите средства што досега сме ги вложиле од државниот буџет, а се сомневам дека Градот во овој момент има капацитет за тоа“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Министерката не знаеше да каже каде е осигурено градилиштето на Универзалната сала оти тоа го направил изведувачот, а не Министерството како инвеститор. Извести дека во Град Скопје за реконструкцијата доплатил 146.000 денари за комуналии за дополнителна деловна површина. Упати порака дека за разлика од оние што имале прокет и имале пари обезбедни од Владата, а немале капацитет да направат ништо, Министерството како инвеститор ќе ја доврши салата во предвидениот рок.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе