Албанија и Србија сакаат да организираат Европско првенство во фудбал за играчи до 21 година

фото: EPA/MALTON DIBRA

Фудбалската федерација на Албанија ја информираше јавноста дека во соработка со Фудбалската федерација на Србија аплицираше за организација на Европското првенство за играчи до 21 година.

Тоа е Европското првенство што ќе се организира во 2027 година.

– Фудбалската федерација на Албанија соопштува дека се пријави за организација на Европското првенство во 2027 година за У21. Албанската федерација ќе соработува со Фудбалската федерација на Србија бидејќи нашата земја не ги исполнува условите да биде домаќин на сите натпревари на „Евро 2027 – се наведува во соопштението.

Да потсетиме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за заедничката кандидатура на двете земји при поставувањето на камен-темелникот за изградба на Националниот стадион во Сурчин.

– Ќе продолжиме да ја развиваме инфраструктурата, а планираме во иднина ние и Унгарија да аплицираме за Олимписки игри. Како и со Албанија, можеме да аплицираме за Европското првенство до 21 година, отворање со нив, затворање со нас – рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот