Прегазен пешак кај село Другово, со тешки повреди бил пренесен во болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Педесет и тригодишен пешак е тешко повреден откако бил прегазен на патот Кичево-Охрид.

„На 16.04.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај с.Другово, кичевско, патничко возило „бмв х6“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Л.(53) од с.Ливада, струшко, удрило во пешакот С.Д.(53) од с.Другово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицинскиот центар Кичево“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот