Жители на мало место се вознемириле од распнати и осакатени животни- се сомневаат на секта

22.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жители на мало место се вознемириле од распнати и осакатени животни- се сомневаат на секта

Тие биле распнати, во облик на крст и оставени на јавни места, а според пишувањата на локалните медиуми, слични инциденти биле забележани и претходно.

На почетокот на април жителите забележале животни „жртвувани на бездушен начин“, а сликите се појавиле на социјалните мрежи.

Најпрвин биле пронајдени три обезглавени игуани распоредени во облик на крст, а нешто подоцна биле пронајдени и три обезглавени кокошки, јавува Lakalle Blu Radio.

Стравот бил зголемен со откривањето на уште едно пиле врзано со зелени ленти.

Жителите изразиле згрозеност и страв, додека поединци пријавиле дека нивните миленици исчезнале.

Бараат итна акција од надлежните за расветлување на грозоморните настани.

Истовремено, се шпекулира дека наводно зад сѐ стои „сатанска секта“, но властите се уште не ги соопштиле своите наоди и не ги именувале одговорните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата