<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Агенцијата за
животна средина издаде портокалово предупредување за југозападниот и
централниот дел на Словенија поради силниот ветер. Портокалово предупредување е
издадено и за јужната половина од земјата поради снежните услови. Температурите
паднаа и до 10 степени.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Заладувањето со
студен фронт од североисток се движи кон запад од земјава. На некои места веќе
залади и за повеќе од 10 степени. Дува силен североисточен ветер. Во северна
Словенија почна да се појавува невреме, а врнежите ќе се интензивираат во
следните неколку часа, пишува Агенцијата за животна средина.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Во појасот од
Горењска до Корушка се очекуваат 30 до 60 милиметри дожд. На повисоките места
над околу 800 метри може да наврнат околу 20 сантиметри снег“, соопшти
Агенцијата за животна средина на Република Словенија.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Снегот веќе ги
покри Љубељ, Коренско седло и Роглу, што може да се види и на веб-камерите.
Истовремено, од Центарот за сообраќај и информации предупредуваат дека зимската
опрема е задолжителна и по 15 март во случај на снег на коловозите.</span>