Хрватска има нова инфлуенсерка, Лаура, и таа е нереална – буквално

Точка

20/03/2024

20:01

13.010

Големина на фонт

а а а

Лаура Рис на Инстаграм моментално ја следат повеќе од 14.000 луѓе, но има еден важен детаљ – Лаура не постои.

Имено, станува збор за „инфлуенсерка“ создадена од вештачката интелигенција, а чија цел е да завладее со домашниот пазар како што тоа го прават нејзините колешки ширум светот.

„Лаура Рис е млада загрепчанка во 20-тите години. Сака да излегува, сака мода, а секако, како и сите млади, слуша народна музика. Замислена е како девојка која сака да успее, а целта и е во иднина да може живее од своите објави на Инстаграм. Факт е дека денес инфлуенсерите земаат нереални износи за своите објави, а сите знаеме дека тоа не е тешка работа и дека цените непотребно се отидени во небо. Лаура е некој со кого го тестираме пазарот, а целта е „AI“ моделите утре да бидат конкурентни на инфлуенсерскиот пазар и конечно да ги урнат неоправдано високите цени“, тврди творецот на Лаура Рис, кој сака да остане анонимен.

Ако оваа тест фаза пројде добро, постои можност покрај Лаура да се појават и нови „AI“ модели и сериозно да се пласираат на пазарот за огласување.

Лаура преку ноќ добила илјадници фанови, а повеќето од нив засега се од странство. Имено, бидејќи ваквите модели на Запад веќе се популарни, на Лаура пријателите доаѓаат од Америка, Франција, Канада, Норвешка, но и Иран, Кина и Јапонија.

Лаура, објаснува нејзиниот творец, на профилот се однесува како секоја друга инфлуенсерка. Ќе го објавува секој свој чекор, ќе се обиде да биде моден пример, и ќе гледа да изгледа одлично. На пријателите им се обраќа на хрватски, им ги опишува своите викенди, но и цитира стихови од песни на Северина. Погледнете некои од нејзините објави …



Спонзорирани линкови

Маркетинг