„НЕ ИМ УСПЕА ПЛАНОТ НА ДУИ ЗА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА ПРЕТСЕДАТЕЛ“: Еве што рече Муцунски на првата прес конференција
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
„Најпрво сакам да му честитам на целиот македонски народ, Македонија ќе има нов претседател, цензусот е постигнат, а отворениот пвик за бојкот на ДУИ не успеа, елитите на власта се поразени од народот, рече Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека сценариото на кое предупредувале дека ДУИ посакува криза не се реализирало, и нагласи дека ДУИ дупло изгубиле, бојкотот не им е успешен и оди во опозиција.
„Народот денес излегуваше да си ја врати Македонија, гласаа да ја вратат контролата на системот да се има државата која наместо на елитите му припаѓа на народот“ рече тој.
Според него изборите поминале во мирна атмосфера иако имало неколку поединечни нерегуларноста кои треба да бидат расветлени.
„Фатени се функционери на владејачката партија кои го нарушуваат изборното право, биле замешани во поткуп и притисоци, и очекуваме одговор од институциите и истражните органи од каде им се тие пари што е доказ дека оваа власт е најкриминалната до сега“, рече тој.