ВИДЕО: Маж се самозапали пред судот каде се расправа за случајот Трамп

Маж се самозапали пред судот во кој му се суди на Трамп/Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Маж се самозапали пред зградата на судот каде што е во тек судскиот процес против Трамп, јави Си-Ен-Ен.

Мажот влегол во паркот спроти судницата и фрлал летоци во воздух. Потоа извадил нешто од ранецот и се запалил.

Инспекторите во моментов се шират за да ги соберат летоците кои непознатиот маж ги фрлил во воздух.

Екипата на Си-Ен-Ен покажа еден од флаерите на кој пишуваше „Њујорк е скривалиште на мафијата“.
Најмалку едно лице употребило апарат за гаснење пожар во обид да го изгасне пламенот, а лекар притрчал кај мажот и се обидел да му помогне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот