Свет

Шпанија: „Алкампо“ го прошири асортиманот на сопствените трговски марки за 5%

19 мар 2024

Шпанската подружница на „Ошан“, „Алкампо“,  во својот асортиман  од приватните трговски марки додала 281 производ, што е раст од 5% во однос на 2022 година.

Како што соопштуваат од компанијата, околу 50% од новите производи спаѓаат во гурманските, протеинските, безглутенските и веганските категории, одговарајќи на еволутивниот пазарен тренд.

Посветени сме на иновациите и обезбедуваме широк спектар на производи од сопствениот бренд, кој ги задоволуваат потребите на нашите купувачи, изјави Раул Гарсија, бренд менаџер на компанијата.

 Компанијата сега нуди на 3.850 поединечни артикли.

 Покрај ширењето на асортиманот, компанијата исто така преформулирала 134 производи, исфрлајќи од нивниот состав 5.570 килограми заситени масти, 13.000 килограми шеќер и 2.600 килограми сол.

 

Извор: ecmmagazine

Фото: „Алкампо“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...