Лос Анџелес Лејкерс му врачи отказ на тренерот Дарвин Хем по елиминацијата во првото коло од плејофот во НБА лигата.
Во текот на изминатите две сезони под водство на Хем, Лејкерс постигнаа скор победи-порази 90-74 во лигата, а во двете сезони мораа да го заработат патот до плеј-офот преку плеј-ин турнирот.
Минатата сезона стигнаа до финалето на Западната конференција каде загубија од идниот шампион Денвер Нагетс со 4-0, а оваа сезона беа елиминирани од истиот тим со 4-1, но во првото коло на Западот.
„Последниве две години на клупата беа пеколни “, кратко прокоментира Хем за завршувањето на неговиот ангажман во Лејкерс.