Ексалираат меѓупартиските прозивки и обвинувања

Повик за обединување, отворена покана за постизборна коалиција или сојуз на проруски и антиалбански партии...одлуката на вмро дпмне да не ги напаѓа Левица и ЗНАМ и повикот за создавање на сојуз на национално единство , ја размрда политичката сцена....Европскиот сојуз, предводен од ДУИ, го обвини ВМРО дека со повикот, покажала дека сака да формира влада без ниту една етничка партија и дека ќе работи по диктат на Москва...

ДУИ - „Европскиот фронт го потсетува Мицкоски дека Македонија од поодамна го изоде патот на рамноправност, демократија и членство во големото европско семејство. ДУИ и Европскиот фронт, како мултиетнички фронт во Македонија, нема да дозволат земјата да се врати во меѓународна изолација. Ја повикуваме албанската опозиција да се освести и да се престрои со про-европејците и да не стане орудие на руските кругови во земјава.“

Од сдсм пак обвинуваат дека ВМРО ДПМНЕ е подготвена да го одложува членството во европската унија, исто како и во изминативе години...Коментирајќи го говорот на Мицкоски, првиот човек на сдсм , обвини дека партијата се уште функционира како во времето на Груевски...

Димитар Ковачевски - „Единсвен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во Европската Унија. Истои како што го блокираше тоа во изминативе две години , тој е спремен да го одложува членството во Европската унија уште 11 години. Исто како што правеше неговиот ментор Груевски.“

Понудената рака за соработка ја одби и Левица...Првиот човек на партијата повика на формирање на Македонска платформа, како против тежа на албанската, обвинувајќи ги двете најголеми партии дека се слуги на ДУИ.

Димитар Апасиев – претседател на Левица - „Глумат власт, глумат опозиција, а власт им е УЧК. Двете бужоаски партии им слугуваат. Она што не го дава Таче , ќе го даде Мицко. Она што не го дава Мицко, ќе го даде Таче. Затоа Македонски партии крајно време е да направиме Македонска платформа.“

И движењето ЗНАМ ја отфрли можност за коалиција, без претходно да бидат потпишани и дефинирани црвените линии за државата.

Но црвениот картон, не го преомисли Христијан Мицковски уште еднаш ја повика опозицијата да формира национано единство...

Христијан Мицкоски - „Пред сликите на руините и хаосот што ги прави оваа власт, ви велам дека секоја наша разлика со било која опозициска партија , без разлика дали тоа е левица или движењето знам, е помала од големата и заедничка работа која е пред нас.“

ЛИДЕРОТ НА ГРОМ, Стевчо Јакимовски пак обвини дека Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ и продолжена рака на оваа коалиција.