Милица Џаровска се прости од татко си: Ми беше идол!

Велибор Џаровски – Џаро, познатиот менаџер, почина денес на 75-годишна возраст, по кратко боледување.

Зад себе ги остави сопругата Виолета, внуците Лара и Лука, но и единствената ќерка Милица, позната естрадна новинарка, која минатата година ја издаде книгата „Живот на коцка” посветена на својот татко.

Веста за неговото испраќање ја објави неговата ќерка Милица, која се прости со него со зборовите:

- Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. „Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол“.