Оваа земја ќе им забрани на своите војници да користат „iPhone“ телефони – имаат добра причина за тоа?

Точка

25/04/2024

17:17

5.261

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејската војска ја разгледува опцијата за сеопфатна забрана на „iPhone“ уредите поради безбедносни прашања.

Доколку дојде до тоа, „iPhone“ ќе биде забранет во сите воени штабови, како и во воените единици. „Android“ телефоните, особено оние кои се произведуваат во Јужна Кореја, како што е „Samsung“, ќе продолжат да се користат.

Забраната произлегува од загриженоста за потенцијално протекување чувствителни информации по пат на гласовни видеа, пренесуваат локалните медиуми.


Во документите кои се објавени на интернет мрежата на штабот од воздухопловните сили, наводно јасно се спомнува дека „внесувањето на „iPhone“ телефоните ќе биде целосно забрането“.

Понатаму се спомнува дека во тек е ревизијата за оваа забрана да се прошири на сите единици, што значи дека потенцијално на речиси 50 илјади војници ќе им биде забрането користење „iPhone“ за официјална комуникација.

Не станува збор за тоа што „iPhone“ има некоја „вродена“ безбедносна грешка туку за тоа што не е во состав со ограничувањата кои ги наметнува апликацијата за управување со мобилните уреди која воените лица мора да ја имаат на своите уреди.

Кога оваа апликација е активирана, таа ограничува многу функции на телефонот, како што се камера, Wi-Fi, микрофон, поврзување и уште многу други функции. Меѓутоа, со исклучок на камерата, „iPhone“ не дозволува апликации на трети страни да му ги контролираат изворните функции, така што оваа апликација не може да го ограничи USB-то, микрофонот, поврзувањето и друго.


Инаку, таа безбедносна апликација ја објавило Министерството за национална одбрана во 2013 година за да се намали можноста на протекување доверливи информации, но првобитно била наменета само за офицерите и јавните службеници во министерството, но сега е проширена и на сите воени лица.

„Android“ не поставува такви ограничувања на контрола на функцијата поради што „Samsung“ уредите ќе можат нормално да се користат дури и кога „iPhone“ ќе биде забранет.

Се очекува сеопфатната забрана за „iPhone“ уредите да стапи на сила во наредните месеци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг