Исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

Фото: МЗШВ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека се исплатени дополнителните директни средства за обележани грла говеда постари од 12 месеци. Со исплатата им се префрлени 100 милиони денари на 4.033 одгледувачи на говеда.

Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

Со оваа подмерка се опфатени земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот