Истрага за трговија со дрога против три лица
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично дело - Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, двајца жители на селото Стојаково и еден од Валандово, учествувале и посредувале во продажба на околу 5 килограми марихуана која ја набавил првоосомничениот.