Јапонските психолози порачуваат: Едноставен трик со кој експресно ќе ја елиминирате лутината

Фото: Pexels

Одењето на трчање, неколку длабоки вдишувања или дури и врескање во перница се испробани и проверени стратегии за справување со гневот и лутината. Но, најдобро би било да ја запишете својата реакција на парче хартија и потоа да го фрлите, покажало новото истражување.

Овој метод е толку ефикасен што „целосно го елиминира чувството на лутина“, рекол тимот на научници од Универзитетот Нагоја во Јапонија.

Тие ангажирале волонтери и ги замолиле да ги напишат своите мислења за важни општествени прашања. Им било кажано дека нивниот став ќе биде оценет. Меѓутоа, без разлика на тоа што напишале, сите добиле навредливи и негативни повратни информации и биле ниско оценети според нивото на интелигенција, интерес, логика и рационалност.

Откако ги примиле овие негативни коментари, од учесниците било побарано да ги запишат своите мисли на парче хартија. На една група ѝ било кажано или да ја фрлат хартијата во канта за отпадок или да ја чуваат во папка на своето биро. На другата група ѝ било кажано да го стави документот во машина за уништување хартија или во проѕирна пластична кутија.

Анализата открила дека додека сите пријавиле повисоки нивоа на гнев и лутина откако добиле навредливи коментари, учесниците кои ги фрлале или ги уништиле хартиите со своите мисли брзо се чувствувале посмирено. Во меѓувреме, оние кои ги зачувале документите доживеале само мало опаѓање на нивото на гнев.

– Очекувавме дека учесниците кои ќе ги фрлат хартите ќе бидат донекаде посмирени, но бевме изненадени кога откривме дека гневот е речиси целосно елиминиран – рекол водачот на студијата Нобујуки Каваи.

Научниците веруваат дека овој метод може да им помогне на канцелариските работници кога ќе се најдат во стресни ситуации.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот