Кривично ќе одговара мајката на 4-годишното девојче од Струмица кое беше хоспитализирано неухрането и со многу рани

Мајката на четиригодишното девојче од Струмица кое во тешка состојба беше хоспитализирано на Детската клиника во Скопје ќе се гони за Запуштање и малтретирање на дете. Според кривичниот законик, ѝ следуваат најмалку 10 години затвор (член 201, став 3).

Осомничената, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината 4-годишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност. Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17.01.2024 година било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје“, велат од обвинителството.

Девојчето тежело едвај 8 килограми и освен неухрането во струмичката болница било однесено во толку тешка состојба што веднаш била неопходна реанимација. Било премрзнато и со многу рани по телото.

Мајката постојано тврдеше дека раните се како последица од напад на куче.

Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина кој треба да ги покаже причините за настанатите повреди кај девојчето.

По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.