Свет

Велика Британија: „Унилевер“ ќе укине 7.500 работни места

20 мар 2024

Компанијата „Унилевер“  соопшти дека ќе укине 7.500 работни места за во наредните три години да заштеди околу 684 милиони фунти.

Британскиот гигант истакнува дека ќе ги елиминира главно канцелариските работни места, додека паралелно ќе инвестира во технологија за подобрување на продуктивноста и намалување на трошоците.

Раководството на компанијата најави разговори со работниците, а засега не ги открива локациите каде ќе бидат затворени работните места.

Компанијата очекува овој процес да трае околу две години.

Покрај отпуштањата, компанијата најави и издвојување на  бизнисот со сладолед како посебна единица.

Тоа раздвојување значи дека компанијата ќе може да прави помалку работи, подобро, со поголем учинок, со своето континуирано присуство во категориите убавина и благосостојба, лична нега, уредување  на домот и исхрана. Одвојувањето на бизнисот со сладолед и спроведувањето програма за продуктивност ќе помогне да се создаде поедноставен, пофокусиран и ефикасен „Унилевер“, изјави Иан Мекинс, претседател на „Унилевер.“

 

Извор: магазин ЕСМ

Фото: Ben & Jerry's



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...