18 Мај, 2024
0.0273

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

Објавено во: Финансии, Свет 04 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Медитеранската земја на Европската унија - Шпанија - се издвојува не само по своите чудесни плажи, богата историја, раскошна архитектура и разновидна храна. Во духот на Денот на трудот, кој денес се слави ширум светот, разгледуваме некои позитивни работни практики и иницијативи во Шпанија.

Сите го паметиме моментот кога оваа европска земја воведе тридневен одмор за жените кои страдаат од менструални болки. Сега Министерството за здравство на Шпанија објавува дека планираат да го вклучат менталното здравје при работа во нивниот национален систем за епидемиолошки надзор. Белен Гонзалес, координатор на иницијативата, за новинската агенција ЕФЕ изјави дека „работата ги уништува работниците“.

Според неа, новата програма има за цел да „извлече заклучоци за количината на психичко страдање што се јавува во врска со работата“, а во исто време „да покаже (со официјални тестови) дека има ментални нарушувања кои произлегуваат од работата“.

Досега, стресот на работа (или она што популарно е познато како исцрпеност) не е официјално признаен во Шпанија како можно ментално нарушување, но ова може да биде добар прв чекор.

Регистарот што Шпанија сака да го спроведе ќе биде дел од идниот систем за епидемиолошки надзор на земјата, кој вклучува следење на заразни болести, како и на незаразни болести.

Според Гонзалес, добиените информации ќе овозможат да се процени кои работни услови влијаат на луѓето и кои групи вработени се најмногу погодени од менталните здравствени проблеми на работа.

Во Шпанија, одговорностите во областа на здравството се пренесуваат од централната власт во различни региони, кои имаат свои регионални јавно здравствени системи.

Промена на работната култура

Надзорот ќе им овозможи на креаторите на политиката подобро да ги разберат причините за психолошките проблеми.

„Ќе почнеме да вршиме притисок врз властите да направат промени на работните места и да ги сменат условите за работа, затоа што не праќаме кревки луѓе на работни места, па тие пукаат, туку она што се случува е дека работните места ги кршат работниците. “, предупредува Гонзалес.

Според нејзиното мислење, неопходно е „да се смени работната култура и да се бара модел на работа кој нема да има приоритет само на продуктивноста и профитот, туку ќе биде фокусиран на здравјето на работниците“.

Министерката за здравство на Шпанија, Моника Гарсија зборуваше на тема ментално здравје.

„Знаеме дека има епидемија на психички потреси, но знаеме и дека оваа епидемија потекнува од социјалните проблеми што ги надминуваат четирите ѕида на ова Министерство“.

Да потсетиме, во втората половина на минатата година, Парламентот на Шпанија донесе закон со кој им се овозможува на жените кои страдаат од сериозни болки за време на менструалниот циклус да добијат платено боледување во тој период.

Боледувањата поради менструација се одобрени само во неколку земји во светот, меѓу нив Јапонија, Индонезија и Замбија, а Шпанија е прва меѓу европските земји.

Имено, законот усвоен во Шпанија дозволува право на тридневен „менструален одмор“ со можност за продолжување на пет дена. Како што е објаснето, ќе можат да го користат и жени кои имаат силни грчеви, мачнини, вртоглавици, повраќање за време на менструалниот циклус. За ова отсуство потребно е лекарско уверение, а сметката ќе ја покрие јавниот социјален систем.

Колку заработуваат?

Од 2024 година, минималната плата во Шпанија е нешто повеќе од 1.300 евра месечно за вработен со полно работно време кој работи 40 часа неделно. Минималната саатница во Шпанија е 8,87 евра. За оние кои земаат 14 плати, минималната месечна плата е 1.134 евра, со две доплати во јули и декември.

Според статистичките податоци, просечната плата во Шпанија е 29.100 евра годишно или 2.500 евра месечно.

Сепак, во зависност од различни фактори како искуство, локација и индустрија, оваа бројка може да варира. На пример, работниците во Мадрид и Каталонија имаат тенденција да заработуваат повисоки плати од оние во другите области, додека висококвалификуваните индустрии како што се финансиите и технологијата генерално плаќаат подобро од оние со пониско квалификувани.

Она што се смета за добра плата во Шпанија зависи од голем број фактори, вклучувајќи ги трошоците за живот, начинот на живот и големината на домаќинството. Меѓутоа, кога се гледаат бројките од веб-страницата Numbe, платата од 30.000 евра или повеќе годишно се смета за добра. Ова ќе ви овозможи да живеете удобно во повеќето делови на Шпанија, со доволно пари за штедење и патување.

Еуправозато


Можеби ќе ве интересира

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?