logo
logo
logo

Скопјанец ТЕШКО ПОВРЕДИЛ И ЗАКЛУЧИЛ ЖЕНА во својот дом

Vecer | 26.01.2023

Скопјанец ТЕШКО ПОВРЕДИЛ И ЗАКЛУЧИЛ ЖЕНА во својот дом

Основното јавно обвинителство во Скопје поведе постапка против 60-годишен скопјанец за кривичните дела – тешка телесна повреда од член 131 став 1 и противправно лишување од член 140 став 1 од Кривичниот законик.

На 23 јануари, во неговиот дом, осомничениот повикал на кафе жена и започнал да ја допира. Кога оштетената го одбила и му кажала да ги тргне рацете од неа, осомничениот започнал физички да ја напаѓа и да ја удира со тупаници и клоци по главата и по телото, нанесувајќи и тешки телесни повреди – фрактури на носот, набиеници и хематоми. Потоа ја заклучил во неговиот дом за да не може да излезе и ја држел таму до следниот ден, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Оттаму потенцираат дека надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk