ФОТО: Растурен пропалестинскиот камп на Универзитетот Џорџ Вашингтон, десетици демонстранти уапсени

Растурен кампот на пропалестинските демонстранти на Универзитетот Џорџ Вашингтон/Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Полицијата рано утринава евакуираше пропалестински камп на Универзитетот Џорџ Вашингтон во американската престолнина и апси десетици демонстранти.

Градската полиција објасни дека првично се обидела да ги „смири тензиите“ пред да интервенира.

Околу 04:00 часот по локално време, полицајци интервенираа во кампусот и употребија бибер спреј против демонстрантите, како што објави студентскиот медиум GW Hatchet, при што беа уапсени десетици.

Растурен кампот на пропалестинските демонстранти на Универзитетот Џорџ Вашингтон/Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW
Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW
Полицијата го опколи кампусот на Универзитетот Џорџ Вашингтон/Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW
Полицијата влезе во кампусот на Универзитетот Џорџ Вашинготн/Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Полициската операција дојде во моментот кога се очекуваше градоначалникот и началникот на полицијата подоцна денеска да сведочат пред Конгресот за нивното справување со студентските протести.

Тоа рочиште беше откажано поради евакуација на кампот, изјави Џејмс Комер, републикански член на Претставничкиот дом.

Американските универзитети со недели ги потресуваат протести против израелската војна против Газа. Низ целата земја, органите за спроведување на законот беа повикани од универзитетските администрации да ги евакуираат камповите и насилно да ги отстранат демонстрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот