ПАНК БЕНДОТ „ДИСИЗ“ ОДИ НА НОВА ЕВРОПСКА ТУРНЕЈА, КОЈА ЌЕ ОПФАТИ 13 ДРЖАВИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопското панк трио „Дисиз“ (Disease) оди на нова европска турнеја, на која ќе има 29 настапи. „Дисиз“ ќе го придружува американскиот бенд „No Fucker“ на турнејата насловена „Annihilate Your Desperation“, која ќе трае од 30 април до 30 мај.

Серијата концерти почнува во Берлин, а покрај Германија, во следните 30 дена ќе помине и низ Шведска, Норвешка, Данска, Холандија, Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Швајцарија, Австрија, Словачка и Чешка.

Малку македонски бендови и музичари можат да се пофалат со ваква концертна активност. „Дисиз“ ја обиколи Европа и во 2016 и 2019 и имаше закажано настапи во Мексико, што беше откажано поради пандемијата на ковид-19.

(Фото: Фејсбук)