Пијана ја убила невестата среде свадба, сега од притвор се смее: Ќе го живеам најубавиот живот

Џејми Ли Коморски (26) од Јужна Каролина е обвинета за убиство на невестата Саманта (34) која ја убила кога таа и нејзиниот нов сопруг (36) се возеле во количка за голф додека од свадбата се враќале во хотелската соба.

Тие се упатиле кон нивната соба по венчавката кога пијаната Џејми удрила во нив. Саманта починала на лице место, додека Ерик завршил во болница со повреди опасни по живот.

Според медиумите, Џејми била толку пијана што мислела дека нешто ја погодило и дека таа не е виновна.

Џејми моментално е во домашен притвор и го чека судењето за убиство од небрежност.

Во телефонски разговор од домашен притвор, таа ѝ рекла на својата сестра Келси дека очекува наскоро „да го живее својот најдобар живот“, пишува NY Post.

На својата сестра ѝ кажала дека верува дека сѐ ќе биде во ред и дека е под стрес, но дека знае дека сѐ ќе биде во ред.

"Многу е смешно. Кога сте во ужасна ситуација сте многу под стрес и вознемирени. Но, кога ќе помине одредено време и ќе погледнете наназад, сфаќате дека нема потреба да плачете и да се нервирате. Сега сум среќна и сѐ ќе биде во ред.Нема потреба да се нервираш“, ѝ рекла Џејми на својата сестра.

Таа ѝ спомнала дека е благодарна што е жива.

„Не сум лоша личност, не сакав да се случи ова. Благодарна сум што сум жива“, ѝ рекла Џејми на мајка си во разговорот, но никогаш не ги спомнала жртвите на нејзиното пијанство.

Швионтек триумфираше во Мадрид откако спаси три меч топки против Сабаленка

Светската тенисерка број еден, Ига Швионтек за прв пат во кариерата ја освои титулата во Мадрид.

Тенисерката од Полска во финалето ја совлада минатогодишната шампионка Арина Сабаленка со 7:5, 4:6, 7:6(7), откако спаси три меч топки.

Натпреварот траеше повеќе од 3 часа, а Швионтек го освои 20-от трофеј во кариерата. Таа има вкупно 30 победи во календарската година и е непоразена во последните 7 финалиња.

Билансот меѓу двете сега е 7:3 во корист на Швионтек.

Израелски функционер: Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен преки

Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен прекин на војната.

Висок израелски функционер денеска изјави дека палестински Хамас „ја блокира секоја можност за договор за примирје“ инсистирајќи на целосен прекин на војната во Појасот Газа, за време на разговорите во Каиро во присуство на меѓународни посредници.

„Информациите според кои Израел прифатил да стави крај на војната, како дел од договорот за размена на затвореници, или дека Израел ќе дозволи со посредување да се гарантира дека војната ќе прекине се - неточни. Досега Хамас не се откажа од своето барање за завршување на војната и на тој начин ја блокира можноста за постигнување договор за примирје“, изјави функционерот, кој не сакаше да биде именуван.

Претставник на Хамас изјави за светските агенции дека нема напредок во денешните преговори во Каиро, со учество на посредниците (Египет, Катар, САД).

Тој додаде дека преговорите се завршени и дека денеска ќе се одржи нова рунда.

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

притисни ентер