Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Кошаркарот на УНИКС од Казан, Ненад Димитријевиќ, е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.

УНИКС прв заврши во лигата, прв пат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваковиот успех.

Сезонава 26-годишниот Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.

Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4-1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.

Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против московска ЦСКА забележа рекордни 40 поени со 9 асистенции и 6 скока.

„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/2024“, изјави Димитријевиќ и додаде:

„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим УНИКС, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч“.

Нено во УНИКС дојде во сезоната 2022/2023 како позајмен од Валенсија, а по завршувањето на истата потпиша перманентен договор со клубот од Казан.

реклама

Кошарка

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Read more

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе