Кенијката Емакулате со хит видео за македонските таксисти: „Кога ќе ти се погоди некој што знае сè“

„Ти не си арна“, „Јас би гласал за тебе, ама и да појдеш во Македонските народни приказни да направите добар хумор“, „Емче ова е полн погодок“, велат следбениците на Кенијката Емакулате, која со видеото за нашите таксисти го насмеа сите на Инстаграм.

kenijkata-emakulate-so-viralno-video-koga-kje-ti-se-pogodi-taksist-shto-znae-se-01.jpg

Кенијката Емакулате Вандера Блажеска, која од октомври 2023 има македонско државјанство и пасош, со своите видеа секојдневно ги забавува и засмева следбениците на социјалните мрежи.

Во последното видео таа на свој интересен начин ги опиша таксистите кои често ги сретнува низ Скопје.

„Кога ќе ти се погоди таксист што знае сè“ е насловот на видеото во кое таа „глуми“ и таксист и патник.

kenijkata-emakulate-so-viralno-video-koga-kje-ti-se-pogodi-taksist-shto-znae-se-02.jpg

А, разговорот оди некако вака:

„Добар ден како сме денес?“, прашува таксистот.

„Добро сум, фала. Може ли само да го затворите прозорецот, ладно е надвор...“, вели таа.

„А што, ако го затворам да не се стопли надвор? Ха, ха, ха, да се насмееме. Од каде сте?“, вели таксистот.

„Од Кенија сум“, му одговара.

„Од Кенија? Најдобрите тркачи се од таму. Знаеш ли зошто Африканците се толку брзи?“, е следното прашање.

„Не, зошто?“, вели Емакулате.

kenijkata-emakulate-so-viralno-video-koga-kje-ti-se-pogodi-taksist-shto-znae-se-03.jpg

„Зашто цело време бегаат од лавови, ха, ха, ха“ -  се „истакнува“ таксистот.

„Не сум знаела“, вели таа.

„Да, да, јас знам сè за Африка, од Discovery гледам цело време. Затоа и косава вака ја носам. Боб Марли...“, продолжува таксистот.

„Ама Боб Марли не е од Африка. Од Јамајка е“, коментира таа.

„Ја мајка, ја татко, исто ти е. Да се нашалиме малку“, завршува разговорот.

Видеото на Емакулате има скоро 140.000 прегледи, а пријателите и следбениците ѝ коментираат дека е презабавна и дека ги насмеала до солзи.

„Ти не си арна“, „Јас би гласал за тебе, ама и да појдеш во Македонските народни приказни да направите добар хумор“, „Емче ова е полн погодок“, се дел од коментарите.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Пејачката Александра Јанева кажа ДА пред Ајфеловата кула во Париз: „Нашето време за љубење“ „Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа....
Малиот Јосиф и мама Ирина Дишовска се дома - прва фотка од Павле Камилоски со синот Ирина Дишовска, која имаше навистина активна бременост, сега веќе е дома, а музи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg