ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине
Објавено во: Македонија 20 Април, 2024
Претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска вели дека камшикот му се дава на Грк, реагирајќи на номинирањето на грчкиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија и шеф на делегацијата на Унијата во Македонија. Toj на оваа функција ќе го замени актуелниот амбасадор Дејвид Гир.
Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година.