Пендаровски вели дека не очекувале вакви резултати, нема да Пендаровски: Не очекувавме вакви резултати, нема да бара гласови од кој било за втор круг

Kандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски вечерва се обрати и истакна дека не очекувале вакви резултати.

Според него разликата ќе биде над 130 илјади гласови.

„Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и тргнуваме од нула. Имаше 7 кандидати и тоа е причината што се поделија гласовите Мојата задача ќе биде како и изминатите 20 дена да го промовирам концептот во кој верувам. Ги охрабрувам граѓаните да излезат во втирот круг“, вели Пендаровски.

Во однос на тоа дали ќе бара префрлување на гласовите од други, тој вели дека никогаш не го правел тоа.

„Нема да правам договор со никој, за така наречено механичко префрлање на гласовите, никогаш не сум го правел тоа, ниту ќе го правам“, вели Пендаровски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното