ФОТО | Мокро издание на Ким Кардашијан: Старлетата го покажа „змиското“ тело во мал костим за капење

Kim Kardashijan
Фото: Инстаграм/Ким Кардашијан

Ким Кардашијан (43) сподели одлични фотографии на кои носи костими за капење од претстојната колекција на нејзиниот моден бренд „Скимс“. Костимите за капење доаѓаат во различни дизајни со змиски принт, а има и модели во светли бои.

Атрактивната ѕвезда на реалните шоуа за семејството Кардашијан позирала во дводелен костим за капење со змиски дезен и црвен топ со долги ракави.

Фото: Инстаграм/Ким Кардашијан

За време на фотографирањето, таа облекла и светло-црвено бикини и ја пуштила влажната коса да ѝ падне по лицето.

Некои од останатите парчиња од колекцијата, кои ќе бидат достапни за купување од 17 април, вклучуваат фустан со змиски принт и црн горен дел од бикини без прерамки.

Фото: Инстаграм/Ким Кардашијан

Британскиот фотограф Ник Најт е избран да ја сними новата колекција на „Скимс“ во стил кој потсетува на „неговите класични и авангардни модни кампањи од 2000-тите, се вели во соопштението на брендот.

Кардашијан и претходно соработуваше со Најт, кога се појави на насловната страница на модното списание „Офисиел“ во 2013 година, со нејзиното тогашно момче Канје Вест, и на насловната страница на магазинот „Ви“ во 2012 година.

Фото: Инстаграм/Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/Ким Кардашијан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот