Пејачка починала среде концерт: Се сопнала од фустанот и ја удрила главата на сцена
Кинеска пејачка починала среде концерт во Чонгкинг, Кина, откако се сопнала од фустанот и ја удрила главата на сцената, објави „Мирор“.
Пејачката која имала само 31 година на 12 април настапила на 90-тиот роденден на пензионер во дом во Чонгкинг. Трагичниот инцидент се случил откако испеала две песни.
По падот, таа останала да лежи неподвижна на бината додека вработените во пензионерскиот дом се обидувале да ја реанимираат, по што била пренесена во блиската болница во Чонгкинг.
И покрај напорите на лекарите, пејачката набрзо по пристигнувањето во болница починала. Таа претходно рекла дека се чувствува лошо.
По официјалниот извештај од обдукцијата ќе се дознае точната причина за нејзината трагична смрт.