Група адвокати предлага законска амнестија на осудените за 27 април 2017-та година

27 АПРИЛ КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК КРВАВ ЧЕТВРТОК
27 април / EPA/GEORGI LICOVSKI

Адвокатските канцеларии „Јанаки Митровски“ и „Пешевски и Тимовски“ утре до сите пратенички групи и пратеници во Собранието ќе поднесат предлог-закон за амнестија на осудените за настаните од 27 април 2017-та година, со предлог сите оние кои се осудени на казни затвор до десет години да бидат ослободени од понатамошно издржување на казна, а за осудените на над десет години, казната да се преполови. Тоа на својот фејсбук профил го објави адвокатот Митровски.

– Како адвокат, кој практикува кривично право, не наоѓам никакво оправдување за стореното. Но истовремено сметам дека не постои поголема неправда од селективна правда. А цела Македонија е сведок дека со Законот за амнестија од 2018-та година, селективно беа амнестирани дел од осудените поради политичко лукративни причини па така Крсто е милионер, Рамчиловиќ амбасадор, Бетка демек ја судат итн., додека обичните смртници, пуштени низ вода, веќе шестта година скапуваат на робија“, напиша Митровски.

Тој објаснува дека најголемиот дел од осудените имаат одлежано половина од изречените казни и се пет и пол години во затвор, поради што „во насока на исправање на неправдата нанесена со селективната амнестија“ од сите пратеници очекува да иницираат негово ставање на дневен ред.

– Се разбира, законското решение може и да се доработи од страна на заинтересираните пратеници, за што посочените адвокатски канцеларии стојат на располагање – додава Митровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот