ВИДЕО | Брутален трипл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер, Лејкерс до прва победа во серијата
Лос Анџелес Лејкерс избегна елиминација со 4:0 од шампионот Денвер и во последниот натпревар славеше со 119:108.
За разлика од претходните два мече во кои имаа предноста, а потоа го губеа чекорот, сега Леброн и друштвото имаа предност скоро 48 минути и не дозволија пресврт. Освен тоа расположени беа и од клупата на Лејкерс кои претходно не беа од голема помош.
Во последната четвртина Лејкерс влегоа со предност од 19 разлика, Денвер дојде на -7, но немаше ниту време, ниту сила за целосен пресврт. Јокиќ одново беше лидер на тимот со брутален трипл-дабл, 14 скока, 14 асистенции i 33 поени.
Мечот Портер го заврши со дабл-дабл од 27 поени и 11 скока, додека Мареј додаде 22 поени, а имаше лош шут од игра (9/23). Во редовите на Лејкерс, Леброн постигна 30 поени, додека Дејвис постигна 25 поени и додаде 23 скока и шест асистенции.