Од 80 општини во Република Македонија, актуелниот претседател во 70 од нив доживеа пораз, односно на своето конто како „победник“ во споредба со противкандидатот Гордана Силјановска Давкова запиша 10 општини.

Пендаровски, иако велеше дека во јавноста се пласираат лажни анкети за неговиот рејтинг, успеа да победи во Арачиново со голема разлика, односно доби 419 гласови наспроти 9 за Силјановска и во Боговиње каде што доби 182 гласови наспроти 41 за професорката.

Еден глас беше пресуден за Пендаровски да ја однесе победата во Дебар, каде што доби 961 глас наспроти 960 за Силјановска додека во Студеничани и Центар Жупа победи со стотина гласови разлика (443 наспроти 336 во Студеничани, 447 наспроти 306 во Центар Жупа).

Во Липково Силјановска Давкова доби само 7 гласа наспроти 105 за Пендаровски, додека во Пласница Пендаровски ја однесе победата со 148 гласа наспроти 103 за Силјановска. Во Маврово и Ростуше Пендаровски победи со 55 гласа разлика, додека во Крушево за Пендаровски гласале 2.026 граѓани а за Силјановска 1.778 граѓани.

Најубедливата победа, Пендаровски ја забележа во Желино каде што доби 647 гласа, наспроти 20 Силјановска. Оваа општина е всушност единствената општина во Македонија каде што Пендаровски победил со 620 гласа разлика.


Администратор
25/04/2024 06:58