ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Божидар Божиновски, ЗНАМ: Во Југославија со една берба годишно можеше да се направи куќа

Божидар Божиновски

Писателот, сценаристот, инфлуенсерот и уште многу што, Божидар Божиновски, се реши за момент да ја прекине креативноста и да влезе во политички води. На претстојните претседателски избори тој ќе се обиде да освои место во Собранието на Република Македонија.

Божиновски е трет на листата со пратеници предложена од ЗНАМ, во Изборната единица 5, а како што самиот изјави во неговото вклучување во утринската програма на Слободен печат, постојат реални шанси тој да стане парламентарец по изборите.

Една од најголемите заложби во неговата политичка активност е помошта за земјоделците, за коишто тој вели дека се уништени.

– Знам како се земјоделците уништени, иако добиваат субвенција, сепак откупната цена е многу ниска. Ако во Југославија со една берба годишно можеше да се направи куќа, пред 20 години со една берба можевме да купиме трактор, пред некоја година се случи да ги дадеме јаболката по цена од 2 или 3 денари или само да го исчитаме магазинот, за да не ги фрламе. Верувам дека и со другите земјоделски култури е така, и затоа е таа загарантирана цена на откуп, што ќе им даде стабилност на земјоделците во руралните делови – вели Божиновски.

Погледнете го целото видео со нашиот гостин:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот