Пендаровски води само во две општини

По повеќе од 80% обработени гласови од страна на ДИК, резултатите покажуваат убедливо водство на Силјановска-Давкова пред Стево Пендаровски со преку 135 илјади гласови.

По општини, Пендаровски има предност само во две општини: Крушево и Маврово и Ростуша, додека во Центар Жупа е израмнет со Бујар Османи – по 447 гласови.

Во источниот дел од земјата, на југот од Македонија и во Скопје, целосна доминација на Гордана Силјановска-Давкова.

Кандитатката од ВМРО-ДПМНЕ има победи во целиот источен и во јужниот дел на земјата, како и во повеќе скопски општини.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното