Ѕвездата на „Хари Потер“ го прослави 34. роденден: Ги изненади обожавателите со провокативна фотосесија

Фото: Profimedia

Британската актерка Ема Вотсон, најпозната по улогата на Хермиона Гренџер во филмскиот серијал „Хари Потер“, сподели прокативна фотосесија со своите следбеници на социјалните мрежи за нејзиниот 34. роденден.

Инаку, холивудската ѕвезда објави две црно-бели фотографии, кои ја нагласуваат природноста на оваа Британка и истовремено ја истакнуваат нејзината безвременска убавина.

Фото: Инстаграм/Ема Вотсон

Со оглед на тоа дека актерката најчесто се крие од јавноста, втората фотографија ги воодушеви нејзините фанови. Имено, актерката на неа позира топлес и е облечена само во фармерки.

„Ема Вотсон засекогаш ќе остане најубавата жена на светот“, истакнува една од коментаторите.

Фото: Инстаграм/Ема Вотсон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот