ВИДЕО | Снимката на Џенифер Лопез на Мет гала ги „запали“ мрежите: Тврдат дека годините си го направиле своето

Џенифер Лопез / Фото: Принтскрин/Тик-ток

Латино дивата Џенифер Лопез оваа година доби почесно место како една од домакините на Мет гала. Како и секогаш, Џенифер ги исполни очекувањата на сите љубители на модата. Таа се појави во проѕирен фустан украсен со светкави камења, истакнувајќи ја својата совршена фигура.

Иако има 54 години, на нејзината вита линија би ѝ позавиделе и девојките. Џенифер за оваа прилика избрала суптилна, нежна шминка, во комбинација со косата крената во неформална пунџа.

Имено, „Вог“ објави видео на социјалната мрежа Тик-ток каде Џенифер од крупен план им се обраќа на читателите на споменатиот магазин. На видеото јасно се гледаат брчките на вратот и лицето на Џенифер, па многумина ја нападнаа со негативни коментари.

„Добро, мислам дека сега на сите ни е јасно дека ги фотошопира своите „без шминка“ фотографии“, „Ова е првпат да ги видам нејзините години“, „Изгледа како Селин Дион“, „Убава е, навистина не треба да не лаже на Инстаграм“, беа само дел од коментарите.

 

@voguemagazine Co-chair of the 2024 #Metgala: #JLo has arrived in custom #schiaparelli ♬ original sound – Vogue


Меѓутоа, под видеото може да се видат и коментарите на оние кои застанале на нејзината страна.

„Едвај чекам вас да ве видам на 54 години. Жената се занимава со таква професија, секако дека ќе ги разубавува фотографиите“, „И на 94 ќе бидеш најубава!“, напишале тие во знак на поддршка на Џенифер.

Фото: Принтскрин/Тик-ток
Фото: Printskrin / Instagram / JLo

Меѓутоа, обожавателите не ѝ забележуваат дека има брчки, туку дека нема потреба да ги лаже и да ги фотошопира фотографиите во обид да изгледа двојно помладо. Исто така, забележливо е дека Џенифер доста ослабела во последните месеци.

ФОТО | Џенифер Лопез на Мет Гала блесна во два и пол милиони кристали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот