Чадевски: Ванковска е единствениот кандидат кој јасно и недвосмислено зборува против рамковниот, преспанскиот и договорот со Бугарија

  • Фејсбук статус на Мирослав Чадевски од Демир Хисар

Ни претстави голема чест и задоволство што денес пред историски Демир Хисар, заедно со носителот на ИЕ5 – Јована Мојсоска, го претставивме единствениот претседателски кандидат со јасна визија за Република Македонија.

Билјана Ванковска е единствениот претседателски кандидат кој јасно и недвосмислено зборува против рамковниот, преспанскиот и договорот за “добрососедство” со Бугарија, за разлика од нејзините противкандидати кои не само што ги ПОЧИТУВААТ истите, туку се спремни да потпишат нови и да “отворат” устав и да внесат бугари во него.

Ванковска е човек со големо искуство, знаење, мудрост но пред се интегритет и само таков профил на претседател и е потребен на Македонија која е сардисана од сите страни!