Битиќи: Законот за нефер трговски практики ќе го реши проблемот со зголемувањето на цените

Четири дена по укинувањето на гарантираните цени, Предлог-законот за забрана на нефер трговски практики, утре во Собранието..  

Законот за нефер трговски практики помина и на комисијата за европски прашања. А веќе за утре според собранискиот календар ќе се најде и на законодавно правната комисија. Опозицијата иако најави дека нема да го блокира неговото носење, сепак велат вака скорен законот нема да донесе ништо добро. Според ВМРО ДПМНЕ со него нема да се намалат цените. Преку два амандмани, кои беа одбиени од страна на заменик министерот за економија, тие побараа корекции на законот.

Од власта очекуваат што поскоро пратениците да го донесат ова законско решение, кое според нив е добро, и ќе стави ред во неоправданото зголемување на цените.

По завршувањето на мерката гарантирана цена, на рафтовите во маркетите веќе може да се забележат нагорни корекции во цените. Вицепремиерот Фатмир Битиќи, вели секое отстапување ќе се санкционира, бидејќи според него укинувањето на гарантираните цени не може да влијае врз цените кај нас затоа што цените на светските берзи се намалени. По критиките кои ги добиле од експертската јавност за мерката која заврши на крајот на минатиот месец, вели, законот е тој што ќе го реши проблемот.

Со законот , над 2.000 земјоделски и прехрамбени производи ќе имаа ограничена маржа до 10 отсто. Планот е листата на овие производи Министерството за економија да ја направи заедно со Организацијата на потрошувачи и со Стопанската комора. Таа ќе биде објавена како правилникот, откако овој закон ќе се донесе и објави во Службен весник.

Ликвидација среде Солун- тројца од возило во движење изрешетале Грузиец (ВИДЕО)

Грчката полиција трага по три лица кои денеска околу 14 часот испукале неколку истрели и убиле маж (41), кој веќе им бил познат на органите на прогонот.

Според грчките медиуми, ликвидиран е Грузиец, кој претходно бил поврзан со криминални кланови.

Во него било пукано од возило во движење на улица во Солун, во близина на детско игралиште.

Медиумите јавуваат дека за нападот се осомничени жена и двајца мажи, кои од црвено рено без регистарски таблички испукале најмалку три куршуми кон жртвата.

Во моментот на пукањето, Грузиецот седел на мотор и ја симнувал кацигата. Еден куршум го погодил во грбот, друг во рамото. Очевидци наведуваат дека тој се симнал од моторот, поодел неколку чекори и паднал мртов.

Сè се случило пред бројни сведоци.

На терен се голем број полицајци, а овој дел од градот е блокиран.

Членови на ИПА пред Велигден го посетија геријатриското одделение при Општата болница во Охрид

Денеска, во пресрет на најголемиот христијански празник Великден-Христовото воскресение, Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид го посети геријатриското одделение при Општата болница во Охрид. 

23 повозрасни лица кои тука престојуваат и се лекуваат, не пречекаа со насмевка на лицето и ни пуштија рака во знак на добродојде. Ним, од срце им го честитавме Великден, ги прашавме како се, како се чувствуваат, како го поминуваат денот, им посакавме добро закрепнување, добро здравје и среќни моменти. Честитки за Великден упативме и до целиот тим на одделението, предводен од доктор Соња, им посакавме добро здравје и им искажавме почит за нивната посветеност во зачувувањето на здравјето на луѓето за кои се грижат.

Баба Стојанка која има 96 години, баба Доста и останатите, не испратија со насмевка, од душа ни рекоа „да остарите и вие“ и не поздравија со најдобриот христијански и великденски поздрав „За многу години“. Така срдечно и топло, од душа не поздрави и дедо Божин кој не испрати до врата, ги крена рацете високо и среќно, и ни рече „Бидете живи здрави, да живее Македонија, да се видиме пак“. Ќе се видиме дедо Божин, бабо Стојанке, баба Доста, ќе се видиме, со Господ напред, да сме живи здрави сите, за многу години. Благодарни сме што не примивте денеска и што со Вас, како наши пријатели, се почувствувавме посреќни.

Нашите дедовци и баби, нашите повозрасни претци, ја заслужуваат целата љубов и почит на овој свет. Тие беа и се, нашиот столб. Тие се вградија себе си во нас, во нашиот развој и во напредокот на Македонија.

SERVO PER AMIKECO-СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО.

Претседател на ИПА ОХРИД

М-р Стефан Димоски

Во Кумровец одекнаа сирените во 15.05 часот во чест на Тито

Со звукот на сирените во 15 часот и 5 минути и со полагање венци и палење свеќи денеска во Кумровац беше одбележана 44-годишнината од смртта на Јосип Броз Тито.

Бројни делегации, меѓу кои и оние од општина Кумровец, Здружението на друштвата Јосип Броз Тито и Здружението на антифашистички борци и антифашисти (САБА) на Република Хрватска и Крапино-загорската жупанија, предводени од префектот Жељко Колар, положија венци до споменикот пред родното место на Тито, објави Индекс.

Претседателот на САБА, Фрањо Хабулин рече дека мисли оти Загорје и Хрватска имаат човек со кого можат да се гордеат.

„Тито беше пред сѐ револуционер, човек кој го крена народот на сенародно вооружено востание против окупаторите, но и против нивните слуги, локални квислинзи од сите бои, во Словенија од белогардеците, усташките, четниците и така натаму. Како војсководец успешно ја водеше народноослободителната борба до конечната победа над антифашизмот на нашите простори“, рече Хабулин.

Тој, исто така, потсети дека Тито беше креаторот на Движењето на неврзаните, кое одигра значајна улога во смирувањето на тензиите за време на Студената војна меѓу источниот и западниот блок. „Тие ги обезбедија условите за релаксација, мир и стабилност во светот. Така, тоа беше Јосип Броз и затоа сме денес овде“, заклучи Хабулин.

Префектот Колар рече дека овој пат и на својот Загорец му оддаваат едноминутно молчење „за она што го направи добро во животот и остави белег во историјата“.

„Победник во Втората светска војна, војсководец, јасно и одлучно „не“ на Сталин во 1948 година, Уставот во 1974 година кој ѝ овозможи на Хрватска да има правна основа да прогласи независна државност, за жал стекната со крв благодарение на нашите хрватски ветерани. Доста за еден живот, за еден човек, огромна работа“, нагласи Колар.

Првиот човек на општина Кумровец Роберт Шплајт рече дека овојпат општината организирала богата програма за одбележување на годишнината од смртта на Тито. „Луѓето доаѓаат овде во Кумровец да се потсетат на старите времиња, на историјата што е зад нас, а не да ја идеализираат и да направат приказна за поранешната држава и да ги вратат духовите од минатото“, рече Шплајт.

притисни ентер