Извршен увид во градежните активности за реконструкцијата на водоводната мрежа во Љубанци

Градежните активности на терен опфаќаат реконструкција на водоводна мрежа на улицата 1 во Љубанци.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП „Водовод и канализација“, извршија увид во градежните активности за реконструкцијата на водоводната мрежа во населеното место Љубанци во општина Бутел.

Градежните активности на терен опфаќаат реконструкција на водоводна мрежа на улицата 1 во Љубанци, со нови приклучоци на градската водоводна мрежа, а со реализацијата на овој инфраструктурен проект, жителите добиваат поквалитетно водоснабдување.

Градот Скопје континуирано работи на мрежата за водоснабдувањето согласно предвидените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на предизвиците и реализација на барањата на граѓаните во делот на подземната инфраструктура се важен сегмент.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Град Скопје

Лукаревска: Почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев.

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев, а неговиот аманет е за сегашните и за идните генерации.

„Денеска оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговиот аманет е и за сегашните и за идните генерации. Делчев е симбол на единството и државотворноста, се борел за слободна и просперитетна држава. Ние сме тие коишто неговиот аманет ќе треба да го продолжиме во иднина“, рече Лукаревска, се наведува во партиското соопштение.

Сиљановска-Давкова положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас

Кандидатката за претседател на Република Македонија, Проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Утринава, кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова оддаде почит кон ликот и делото на апостолот на Македонската револуционерна борба, Гоце Делчев со положување на цвеќе на неговиот гробот во црквата Св. Спас на Скопоското Кале.

Во прилог Ви ги пренесуваме личните ставови на проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во однос на делото на Гоце Делчев:

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев . Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја фалсификува македонската историјата во која нема место за Гоце, Даме, Јане, Питу и сите други кои ги удриле темелите на македонската држава.

Денот на смртта на Делчев не потсетува колкава е жртвата на нашите претци кои ги дале своите животи за ние да живееме во своја држава. Истовремено овој ден паметник е можност да оставиме аманет на идните генерации да ја продолжат борбата за македонска држава која никогаш не запира. Македонија е како куќа, ако не ја одржувате таа ќе се руинира, затоа треба да ги поправаме или менуваме расипаните делови за куќата наречена Македонија да биде функционална и удобна за сите.

Немаме против и други да го слават Гоце Делчев затоа што тој бил човек кој има вредност за сите луѓе и кои се почитуваат себе си, своите идеали и во случајот со Гоце, својот македонски народ. Она што очекуваме од сите што го слават да го прифатат фактот што неговиот сон да биде закопан во независна македонска држава е остварен со помош на бугарската држава која во 1946 година помогна да се пренесат посмртните останки на Гоце во неговиот вечен дом овде во Свети Спас, сопоштуваат од тимот на Сиљановска- Давкова.

Николоски: Во четврта изборна единица ВМРО-ДПМНЕ предвидува инфраструктурно поврзување

„Во четвртата изборна единица предвидуваме како и на државно ниво враќање на редот во државата и воспоставување на функционална правна држава“.

„Во четвртата изборна единица предвидуваме како и на државно ниво враќање на редот во државата и воспоставување на функционална правна држава“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 во јавување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Во четворката предвидуваме и инфраструктурно поврзување тука е пред експресниот пат Прилеп – Градско кој што седум години актуелната власт не успеа да го заврши. Понатака автопатско решение на Прилеп до Битола и граница со „Меџитлија“, значи нешто плус од ова што се предлага имајќи в предвид дека ние нема да бараме како Артан Груби провизии од 20% и од прилика е толку разликата. Ние не планираме да бараме провизии значи ќе има простор за повеќе да се изгради“, појасни Николоски.

Николоски додаде дека третиот фокус во изборната единица 4 е земјоделието. Најголем дел од земјоделското производство во Македонија е токму во изборната единица 4. За тука се предвидени значајни работи кои што сака идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги направи, и во делот на производството на тутун, и во делот на производство на грозје и вино, во делот на раноградинарски култури, праски итн.

„Во однос на помалите политички партии кои што имаа свои претседателски кандидати очекувам нивните гласачи затоа што беа проопозициски кандидати да гласаат за Гордана Силјановска Давкова во вториот круг. И на тој начин да имаме успешни претседателски избори и Гордана да стане претседател“, повика Николоски.

Тој посочи дека со идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ започнуваат промените во Македонија, време е за проекти кои ќе се од корист за граѓаните и државата,се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер