ФОТО | „Жената сјае кога е сакана“: Елена Ристеска го прослави 38. роденден со најблиските

Фото: Инстаграм/Елена Ристеска

Македонската пејачка Елена Ристеска го прослави својот 38. роденден во саботата, на 27 април.

Неколку дена подоцна, денеска таа објави фотографии од роденденската прослава, за која откри дека ѝ била изненадување од нејзините најблиски.

Ристеска била облечена во црна и едноставна модна комбинација, а на фотографиите позира покрај својата роденденска торта.

„Велат жената сјае кога е сакана. Моите најблиски ме изненадија за мојот роденден со прослава која вечно ќе ја паметам, а роденденов секогаш ќе ме потсетува колку многу сум сакана. Му благодарам на Господ за тоа и секако на моите најблиски“, напиша таа на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/Елена Ристеска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот