МЛАД ШОФЕР ОД КОЧАНИ НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА И ИЗБЕГАЛ - тешко повредена жената која управувала со другото возило
Објавено во: Македонија 13 Април, 2024
Едно лице е тешко повредено, а друго уапсено по сообраќајна незгода која се случила вчера во Кочани.
Како што известува Министерството за внатрешни работи, еден од учесниците во сообраќајката, по ударот избегал од местото на настанот, и ја оставил повредената жена од другото возило без да и пружи помош.
- На 12.04.2024 во 07:40 часот било пријавено дека во Кочани на улица „Димитар Влахов“, над Градскиот стадион, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Д.Т.(24) од Кочани и патничко возило „шевролет спарк“, управувано од Ф.Г.(47) од Кочани, двете со кочански регистарски ознаки.
По ударот Д.Т со возилото го напуштил местото на несреќата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Г., констатирани во Клиничката болница Штип, а Д.Т. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани - се наведува во билтенот.