Линкови за пристапност

Различни распореди за Трамп и Бајден: Едниот во судница, другиот на митинг


Кандидатите за претседател на САД - Џо Бајден и Доналд Трамп имаа дефинитивно различни распореди оваа недела. Трамп се наоѓа во судницата во Њујорк и се соочува со 34 кривични дела за фалсификување деловни фактури.
„Не знам како можете да имате судење што се одвива токму среде избори. Не е фер“, рече Трамп.

Бајден е на кампањата во близина на неговиот дом во соседната држава Пенсилванија.

Судењето на Трамп го вклучува обидот да уништи непријатни вести за време на неговата кампања во 2016 година. Обвинителите велат дека Трамп фалсификувал исплати на поранешен адвокат за да сокрие дека парите оделе за две жени кои рекле дека претходно имале вонбрачни сексуални средби со тогашниот кандидат.

Трамп се изјасни невин по обвиненијата, а неговите адвокати тврдат дека плаќањата биле легитимни правни трошоци.

Ова е земја која ја води неспособен човек кој е многу вклучен во овој случај
Доналд Трамп

Според него, судскиот процес, токму сега е мешање во изборите од страна на „вооружено“ судство.

„Ова е напад врз нашата земја. И тоа е земја која пропаѓа. Ова е земја која ја води неспособен човек кој е многу вклучен во овој случај. Ова е напад врз политичкиот противник“, негодува Трамп.

Трамп не мора да сведочи на ова судење, но поранешниот федерален обвинител Нима Рахмани смета дека политичките игри ќе го направат тоа.

„Овој случај е исто толку за важен за судницата, колку и за судот на јавното мислење. Трамп е во изборна година, и ќе го искористи своето право, и ќе се обрати до американската јавност и неопределените“, вели Рахмани.

Со неговиот противкандидат на Суд, Бајден е сам на патеката за претседателската кампања.

„Доналд Трамп гледа на светот поинаку од нас. Тој се буди наутро во Мар-а-Лаго, размислувајќи за себе. Како може да им помогне на своите пријатели милијардери да добијат моќ и контрола и да ја наметнат нивната екстремна агенда на нас останатите. Да го цитирам - „Јас ќе бидам диктатор на првиот ден“. „Јас сум вашата одмазда““, рече Бајден.

Тој (Трамп) се буди наутро во Мар-а-Лаго, размислувајќи за себе, како може да им помогне на своите пријатели милијардери
Џо Бајден

Бајден рече дека тој и Трамп имаат „конкурентни визии“ за американската економија кои „покренуваат прашања за фундаментална правичност“.

„Важно е каде доаѓаме. Кога ја гледам економијата, не ја гледам низ очи од Мар-а-Лаго. Ја гледам низ очите на Скрентон, и тоа не е хипербола. Тоа е факт. Каде што се важни чесноста и пристојноста, каде што е важна вербата. Каде што, семејството е сè“, истакна Бајден.

Трамп вели дека не е фер да биде принуден да се појавува на Суд, додека Бајден е во кампањата.

„Треба да бидам во моментов во Пенсилванија, во Флорида, во многу други држави, Северна Каролина, Џорџија, во кампања. Сето ова доаѓа од Белата куќа на Бајден зашто тој не може да води кампања. Го користи ова за да се обиде да победи на избори“, истакна Трамп.

Трамп беше во некои кампањи околу Њујорк поради судењето, но неговата кампања во некои неопределени сојузни држави, се чини, засега, ќе биде ограничена на викендите.

Трамп се обрати пред приврзаници во Пенсилванија минатата сабота и има закажан настан во Северна Каролина за оваа сабота.

XS
SM
MD
LG