Малку постар

28.01.2024 16:38

Не си играат и не лаат постарите кучиња.
Ништо од моите неискористени вау
што очекував да ми бидат содржина.
Притеснет во нешто, не знам што,
во некое феудално катче: смрт феудална,
провоцирам некоректен распоред,
неспремен за каква било свето-
гледска гужва.
Без самотија а сам. Со вина а без пад.
На врати без внатрешност.
Со близина без заедништво. Со изглед
без поглед. Со количина што не се троши.
Мртов. Гледајте ме, не ве гледам.
Беспредметна сенка. Постар одошто треба.
Ако врапците не ме спасат, кој тогаш?

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото