Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Л.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривична дела ,,злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување и уништување на деловни книги“.

Во периодот од 16.05.2019 до 04.11.2019 пријавената ја злоупотребила својата службена положба како директор на правно лице и во име на материјални трошоци, неосновано од трансакциската сметка во 21 наврат подигнала парични средства во вкупен износ од 2.008.851 денари.

Спротивно на законските одредби таа не ги евидентирала во деловните книги и не водела сметководствена евиденција, туку предметните налози ги уништила, а паричните средства ги присвоила за себе. На тој начин го оштетила правното лице за истата сума.


Администратор
27/11/2022 03:48